Заев-Марковиќ: Одлични пријателски односи помеѓу двете држави, без отворени прашања, што одат во нагорна линија

Заеднички било констатирано дека заокружувањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот. Споделени биле и искуства за резултатите од НАТО интеграциите, како што се нови инвестиции, повеќе работни места, подобар животен стандард.

Исто така, заеднички е заклучено дека иднината на целиот регион е во Европската унија и оти таа стратешка цел нема алтернатива. На средбата било оценето дека проширувањето на ЕУ е неопходно да продолжи, бидејќи тоа е одржливата опција за мир, стабилност и перспективи на Балканот и на Европа.

Премиерот Заев изразил благодарност за силната поддршка од Црна Гора за членство на Северна Македонија во НАТО и за исполнувањето на заедничките ЕУ перспективи, согласно Берлинскиот процес, што ја поттикнува соработката помеѓу сите земји од регионот.

„Продолжуваме со реформите и со инклузивните политики, како на политички план, така и на планот на нашиот концепт, Едно општество за сите, што успешно го развиваме. Продолжуваме да даваме аргументи дека нашето место е во ЕУ. ЕУ и НАТО интеграциите за нас немаат алтернатива. Интеграциските процеси веќе даваат резултати во економијата, повисоки плати, пензии, раст на минималната плата за 90 евра, раст на социјална помош за 300 проценти“, рекол премиерот Заев.

На средбата било разговарано и за успешната соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Црна Гора во повеќе области од интерес на граѓаните, меѓу кои и социјалната заштита. Посочена е како позитивен пример експертската поддршка во развивањето електронски систем за следење еден корисник во социјалната заштита и во управувањето со случај, во делот на семеен социјален работник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e