Заев: Јас не ја назначив Русковска за шефица, и мене не ми се допаѓаше едно време

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој не ја назначил шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска на чело на новото Обвинителство, туку дека таа била моментално на таа позиција.

„И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време, пред седум, двет години.Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф, само кажав кој сега раководи со обвинителството,рече Заев.

Заев кажа дека е сигурно оти зад тоа нема ништо скриено.

Тој објасни дека има процес и процедура, односно дека изборот се прави на конкурс преку Советот на обвинители. Заев повтори дека со предлог-законот за ЈО е прифатено решението што го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство да се стави под Основното јавно обивнителство.

-Овие денови ќе се отвори дебата да и учиниме да државата да и помогнеме и да го тргнеме ова прашање од дневниот ред. Законот треба навремено да го донесеме ако ја сакаме државата на патот во евроинтегрции – рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e