Заев: Гласај за заедно да ја градиме иднината

На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина, напиша попладнево на „Фејсбук“ лидерот на СДСМ Зоран Заев на последниот ден од изборната кампања.

– Во следниот мандат обезбедуваме нови 2 милијарди евра за изградба на патишта, кои се за нови 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 950 км локални патишта и реконструкција на над 1.500 км постоечки патни правци. Инвестираме и во нови 500 км водовод и канализации во вредност од 100 милиони евра. Домаќински ја планираме заедничката иднина, наведува Заев во статусот објавен на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e