Заев: Државна помош за 250.000 плати, со новиот пакет економски мерки

Нашите мерки за помош на граѓаните и економијата се прецизни и таргетирани, ова е храбар исчекор да пуштиме половина милијарда евра во стопаството, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за Канал 5.

Обезбедуваме 250.000 плати за 3 месеци или 83 илјади плати месечно за октомри, ноември и декември, нагласи Заев.

Има прогресивен аспект на помагање за плати, за фирмите чиј приход се намалил до 40%, помошта е 14.500 денари за работник, а ако приходот паднал за 80%, добиваат 21.770, односно минимална бруто плата, рече Заев, додавајќи не се сите исто погодени и мора да помагаме поправично.

Флексибилни сме во докажувањето на намалувањето на приходите, со изјава од фирмите, а услов и критериум е бројот на вработени треба да им биде ист како на 1 јуни, истакна Заев, додавајќи дека компаниите можат веднаш да ги вратат вработените. Ние ги помагаме работните места, тоа е суштината, и затоа пуштаме 70 милиони евра на компаниите, но ова мора да биде фер, порача премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e