Заев: Додавката „северна“ е цената за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

Уставните измени ќе влезат на сила кога Грција ќе ја ратификува спогодбата во грчкиот Парламент и ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО, кажа премиерот Зоран Заев на стартот на дебатата за нацрт уставните амандмани на Комисијата за уставни прашања.

Тој ги повика пратениците да се вклучат и да дадат поддршка за уставните измени.

Заев ги образложи 4 нацрт амандмани за кои рече дека ,,се во согласност со меѓународното право и стандардите за човековите права и се во интерес на Македонија“.

За промените во Преамбулата, Заев кажа дека ,,не се брише АСНОМ, туку останува да биде дел од политичката традиција на Македонија, но темелите на државата ќе ги насочиме кон правните, а не политичките пораки на АСНОМ, кои може да се протолкуваат како аспирација кон соседите“.

Трајко Вељаноски од ВМРО ДПМНЕ рече дека уставните измени ќе имаат ,,трајни последици“. Вељаноски рече дека додавката „северна“ ќе се додава на 50 места во Уставот, а шест пати само во Преамбулата.

Вељаноски смета дека за секоја од овие промени, Владата требало да интервенира со посебен амандман, а не да го вметнува Република Северна Македонија со еден амандман.

-Целиот овој процес ми личи на она со прашањето: Како се јаде слонот, не можеш од еднаш, туку парче по парче. Вие сега тоа го правите, кажа Велјаноски.

Вељаноски напомена дека со уставните амандмани не се заштитува, туку се менува идентитетот. На ова реплицираше премиерот Заев кој кажа дека географската додавка „северна“ е цената која Македонија ја плаќа за интеграција во ЕУ и НАТО, но идентитетот останува македонски.

На почетокот на денешната седница, во салата се појави и Никола Груевски, но не присуствуваше на подоцнежната расправа.

Извор: НоваТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e