Заев: Да ја подигнеме нашата еко свест и заеднички да ја чуваме животната средина

Денешната акција за чистење во која учество ќе земат вработените од државните институции, нека ни биде поттик за да ја подигнеме нашата еко свест и заеднички да ја чуваме животната средина, порача премиерот Зоран Заев на својата официјална Фејсбук страна.

Во објавата, премиерот посочува дека ќе се чисти на 20 локации во Скопје и на многу други локации низ државата и оти во акцијата ќе бидат вклучени околу 40.000 луѓе.

– Чистата животна средина е важна за секој од нас, ако сме заедно и ангажирани, можеме да ја зачуваме, напиша Заев.

Во акцијата ќе бидат вклученит вработените од јавниот сектор и на тој начин ќе се одработи неработниот ден од годинава, 2 јануари.

На секоја локација ќе има обезбедено екипи од градските јавни претпријатија, соодветни стручни служби и алат за да помагаат на луѓето кои ќе чистат.

Акцијата се организира во соработка со граѓанското здружение „Не биди ѓубре“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e