Заев: Членството во НАТО е постигнување на историска цел

САД се докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија. Денешната посета на државниот секретар Мајк Помпео е силен сигнал за поддршката на САД за нашата земја, за нашите евроатлантски интеграции и потврда дека продолжуваме да ја продлабочуваме соработка.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес – конференција во Охрид со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Северна Македонија е посветен стратешки партнер на САД. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште поисилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи  кои се конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата, рече Заев.

Нагласи дека со очекуваното полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен  поттик и нова димензија.

– Членството во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја туку и за зајакнување на слободата и демократскиот просперитет на целиот регион, истакна Заев.

Тој посочи дека досега протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 22 земји членки и со оптимизам очекуваме полноправно членство во Алијансата во блиска иднина.

-Сакам да се заблагодарм на САД за недвосмислената поддршка за нашето членство во НАТО и за брзо очекуваната добра вест дека протоколот ќе се ратификува и во САД. Во меѓувреме целосно сме подготвени да ги прифатиме обврските од нашето членство. Имаме силна политичка волја Буџетот за одбарна да биде 2 отсто од БДП и тоа не подоцна од 2024 година, ако не и порано. Тие средства ќе се употребат за модернизација на нашата Армија и за зајакнување на нашите капацитети и можности за придонесување во НАТО, рече Заев.

За време на средбата тој го информирал Помпео за спроведените реформи во насока на зајакнување на демократските вредности, институции и правната држава, подобрената слобода на медиумите и развивањето инклузивен процес при носењето на одлуките како дел од градењето едно општество за сите. Воедно, нагласил дека Северна Македонија е уникатна земја во регионот затоа што нема отворени билатерални прашања со ниту еден свој сосед и оти за дестина деба очекува и одлука за старт на преговрите со ЕУ.

-Договорите со Бугарија и Грција беа историски одлуки и пресудни чекори за остварување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и во ЕУ. За десетина дена ја очекуваме долго очекуваната вест од Брисел – отворање на преговорите за членство во ЕУ. Верувам дека добрата вест од Брисел ќе влијае позитивно на целиот регион, ќе биде испратена пораката дека Западниот Балкан е интрегрален дел од Европа. Ќе биде награден напредокот на реформите и решавање на тешките проблеми. Тоа ќе ги охрабри другите земји да покажат политичка храброст за надминување на останатите проблеми, рече Заев.

Според него, добрите вести за почеток на преговорите со ЕУ и за членство во НАТО се силна порака и за младите во нашата земја да останат тука.

-Сакам да нагласам дека стабилен балкански регион е од интерес на ЕУ, геополитички, безбедносно и економски. И во овој контекст оваа посета и охрабрување САД е од огромно значење за нас, истакна премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e