Заев и Царовска се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретнаа со делегација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, предводена од претседателката на сојузот Станка Трајкова, како и пратеникот во Собранието Илија Николовски, како претставник на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

Како што соопти владиниот Сектор за односи со јавноста, на средбата се разговарало за целокупниот економски раст на државата, зголемување на платите во државата и претстојните планови и мерки за раст на пензиите, како и за други прашања од аспект на стандардот на живеење на овие наши граѓани.

Заев и Царовска ги информирале претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите дека се остваруваат условите за пораст на пензиите врз основа на стабилизираниот пензиски систем, најавеното ново зголемување на минималната плата, континуираниот раст на просечната плата, како и врз основа на вкупниот економски раст во земјата.

Сите овие фактори, стои во соопштението, се позитивни предуслови за раст на пензиите.

На средбата во канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија, се посочува во соопштението, станало збор и за други прашања од интерес на пензионерите и згрижување за што во наредниот период се предвидени решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e