Заев: Блескав е извештајот, ако нема летово датум, тоа ќе го демотивира регионот, економијата, а може да се врати национализмот и популизмот

– Испорачавме, должност е да испорачате, не само Германија се разбира, земјите членки на Европскиот Совет. Ако не се испорача не очекувајте да ги мотивирате Вучиќ или Хашим Тачи да дојдат до договор, затоа што нема мотивација. Ако не испорачате према Северна МАкедонија може да го отворат патот за поголемо влијание на трети земји и трети страни, ако не испорачаат ќе ги демотивираат реформските процеси кои што се отпочнати, економските придобивки кои што растат, ако не испорачаат и дефинитвно знаат и самите дека можат да го вратат национализмот, радикализмот, популизмот кој што не носи прогрес. Така да многу прашања се отвараат ако Европската унија не испорачаат преговори, тоа е самата причина зошто верувам дека ќе испорачаат, дајбоже тоа да е месец порано тоа е подобро за нас, изјави премиерот Заев во емисијата Отворено на 24ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e