За ВМРО-ДПМНЕ Груевски не е бегалец, туку „го искористил своето право на азил“

Пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ која е заменик член во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања беше единствената која се јави за збор на седницата на оваа комисија, откако беше отворен претрес за точката за одземање на мандатот на Никола Груевски, пренесе Плусинфо.

Иако во јавноста беше протолкувано дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за одземање на неговиот мандат, откако синоќа заседаваше Извршниот комитет на партијата и им порача на пратениците да гласаат согласно Уставот, тоа денеска не се случи. Никој од опозицијата не гласаше „ЗА“, туку напротив според кажаното, денеска тие имаат поинакво толкување.

Пратеничката Стаменковска – Стојковски на седницата посочи дека во нашиот Устав постојат 11 темелни вредности меѓу кои и почитување на основните човекови права, па според тоа, не може да се смета кој било дека е неоправдано отсутен ако го искористил своето право да бара азил.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e