ЗА ПРВПАТ ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА СУБВЕНЦИИТЕ Ова ќе биде прва година во која овоштарите ќе добијат 30% авансно

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва гостуваше на ТВ СТАР каде ги најави новите политики во овој сектор.

-Време е како генерација да покажаеме поинаков пристап, треба сите заедно да работиме, доста е со поделби на земјоделците…ние како МЗШВ сме отворени ќе разговараме со сите чинители…но треба и системски пристап. Затоа ги најавив трите клучни закони – Законот за директни плаќања, Законот за рурален развој, Законот за уредување на пазарите којшто сметам дека е клучен, и новиот Закон за вино, изјави Николовски.

Министерот појасни дека Законот за уредување на пазарите и законот за вино системски го решаваат здружувањето на сите производители во рамки на земјоделските и тие стануваат легитимен партнер на државата и со тоа се заокружуваа синџирот во земјоделството.

-Тоа го решаваме како што се европските практики. Затоа од оваа година велиме дека започнуваме и со усогласување на нашите политики со европските и во делот на директните плаќања и верувам дека тоа ќе даде резултат. Секако системски дека од законски апсект работиме, ова ќе биде година во којашто ќе носиме многу закони, законот за вино за директни плаќања, за рурален развој  за уредување на пазарите преку кој се уредуваат сите производители но и од друга страна го регулираме и вишокот на производи, ги уредуваме школските шеми…тоа значи дека македонското јаболко ќе биде за нашите деца ќе може да се најде во секое училиште, тоа системски ќе треба да го воведуваме и школски и еко шеми, нови мерки и политики преку програмата за директни плаќања. Не треба да чекаме да ги почнеме преговорите туку од сега се усогласуваме  и ги завршуваме работите, потенцира Николовски.

Со новиот систем на промена на субвенции, од оваа година сите ќе добиваат линерана субвенција и дополнително државата ќе одлучи што е стратешко да биде финансирано. Во текот на оваа година ќе правиме анализи и ќе знаеме кои се стратешките култури што државата треба да ги поддржува финансиски и земјоделците да знаат однапред дека поддршката за тие стратешки култури ќе ја имаат. Од оваа година започнуваме со авансна исплата од 30% за овоштарите. Ова ќе биде прва година од воведувањето на субвенциите од 2004 година наваму, кога во оваа година ќе се исплаќаат субвенциите за оваа година. Ова ќе биде прва година во којашто овоштарите ќе добијат 30% авансно до крајот на програмата за оваа година. Во следната 2023 година тоа ќе важи и за поледелството, лозарството, сточарството и останатите гранки, најави министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e