За десет дена ни се вратија спомените од десет годишниот кошмар на МВРО

Утре навршуваат десет дена откако техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев стапи на функција, но сигналите за тоа што не очекува се насетија уште на денот кога неговата матична партија го најави неговото име.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ предложи униформиран војник, а откако не можеа да ги заобиколат Уставот и законите, предложија поранешен директор на Агенцијата за Разузнавање, од времето на Никола Груевски и Гордана Јанкуловска. Чулев бил на таа функција во времето кога во земјава се случија кумановските настани, за кои ден денеска има многу сомнежи за инволвираност на највисоките безбедносно-разузнавачки служби.

Од првиот ден на именувањето на новиот министер јавноста почна да се сомнева за тоа како МВР ќе ни обезбеди фер и демократски избори и каков безбеден живот за следните 100 дена до изборот на новата влада. А одговорот на оваа прашање ќе ни даде одговор на друго долгорочно прашање, за тоа каков може да биде животот следните 4 години доколку оваа структура ги добие изборите, ако за 10 дена успеа да прават такви чекори!?

Стравот и сомнежите не завршија со самото именување на Чулев, туку се намножија со неговите постапки во новата позиција на чело на МВР. За неполни 10 дена Наќе Чулев ги поништи одлуките на претходниот министер, Оливер Спасовски, за прераспоредување на полициски службеници, а донесе други одлуки кои се главна тема на секојдневните политички, медиумски и граѓански дискусии.

Првата одлука на техничкиот министер Чулев беше поништувањето на сите прераспределби на полициски службеници за кои имаше донесено одлука досегашниот министер Оливер Спасовски, сега премиер на преодната Влада.

На телеграмата која Чулев ја пушти до сите полициски едници, се спротивстави дополнителната заменичка Славјанка Петровска. Таа најави и кривична пријава против Наќе Чулев.

 

Целиот текст на Арбен Зеќири за ЦИВИЛ Медиа прочитајте го на линкот тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e