Врховен одлучи: Апсење и спроведување во притвор за Грујевски и Бошковски од УБК

Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски од Управата за безбедност и контраразузнавање одат во притвор, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Петчлениот казнен совет, со кој раководи претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, на третиот обвинет кој доби притвор од Скопска апелација, Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска, му ја преиначил одлуката за притвор. Со одлука на Врховниот суд, покрај македонскиот пасош, одземен му е како мерка за обезбедување и дипломатскиот пасош.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e