Времето денеска сончево, по одделни котлини појава на утринска магла

Времето денеска ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e