Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

Возачот на автобусот кој вчера попладне се преврте на автопатот Скопје-Тетово е пуштен на домашно лекување.

Директорот на болницата „8 Септември“ Кристијан Костов утринава кажа дека возачот бил примен синоќа, по извршените прегледи му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Возачот кога бил примен во болницата бил во свесна состојба и дал изјава на полиција и јавен обвинител.

 Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи ги посетија повредените во сообраќајната несреќа, рече дека во моментов 7 лица се во критична состојба.

„Четири лица се на интензивна нега во критична состојба во болницата ’8 Септември‘, 3 лица во Клиничкиот центар се на интензивна нега во критична состојба по извршената хируршка интервенција“, кажа Филипче.

Во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица.

Извор: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e