„Водовод и канализација“ четири месеци крие отпис на долгови на функционери

Четири меcеци скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“ крие зошто им отпишало долгови за вода во износ од над три милиони евра на бивши министри, актуелни пратеници и граѓани блиски до власта, пренесува СДК.

Од претпријатието го побаравме списокот на корисници кај кои, како што велат, правеле исправки на вредноста и списокот на корисници на кои Комисијата за спорни сметки им направила делумен отпис на долгот за вода. Не добивиме повратна информација. На прашањето дали меѓу корисниците на кои им отпишале долгови се поранешниот министер за правда Михајло Маневски и пратеникот Амди Бајрам, од „Водовод“ велат Маневски се води како редовен плаќач и нема долг, а Бајрам му должи на претпријатието 282.547 денари, долгот е тужен и даден за наплата преку овластени извршители.
Директен одговор за отписот на долгови избегнал и Град Скопје каде од екипата на Сакам да кажам прашале дали стручните служби во Советот го проследиле прашањето во „Водовод“ кој треба да го одговори.
„Ве молиме да ни посочите за кое советничко прашање се работи. Ова ни е потребно, и покрај Вашето сомневање во ажурноста на градската администрација, затоа што сите прашања поврзании со ЈП Водовод им се одговорени на градските советници. Ниту едно советничко прашање од поставените нема директен контекст со можни злоупотреби на сметките на граѓаните од страна на ЈП Водовод. Затоа, Ве молиме да ни го проследите прашањето во изворна форма, како што го поставила советничката група и одговорот на тоа прашање веднаш ќе Ви биде проследен, како што му е врачен и на оној што го поставил“, побараа од Град Скопје, иако за секоја седница се прави тонски запис кој стои на располагање на сите служби во Градот. Стручните служби во Советот на Град Скопје треба писмено да одговорат на прашањето на СДСМ поставено од говорница на седница во мај годинава.
Текстот во целост прочитајте го тука

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e