Во Собранието продолжува седницата на која се измените на Изборниот законик за ДИК

Во законодавниот дом ќе продолжи седницата која вчера беше прекината поради одржувањето на лидерската средба а на дневен ред се повеќе закони.

Пратениците ќе дебатираат за  повеќе закони, но и Предлог на декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО и измените на Изборниот законик, по скратена постапка.

На дневен ред се и предлогот за разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, завршната сметка на Буџетот за 2017, дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во второ читање и други.

На дневен ред по барање на владејачкото мнозинство ќе се најдат и измените  на Законот за заштита на потрошувачите, во второ читање, но и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, во второ читање, извештаи и други закони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e