Во полициска униформа се поклони на кама и револвер, а Чулев го назначи за заменик командир

Човекот кој во полициска униформа и од позиција на командир на полициската станица во Крушево во време на ВМРО ДПМНЕ се поклонуваше и бакнуваше кама и револвер е назначен од техничкиот министер Наќе Чулев за заменик командир.

Благојче Димшоски е познат на македонската јавност како униформирано лице кое се поклонуваше на кама и револвер и беше обвинет од колегите за злоупотреба на униформата, а на крушевската јавност е познат како поранешен командир на ПС-ОН Крушево од времето на ВМРО ДПМНЕ.

Како што тогаш изјавија од МВР за Цивил, 13.07.2016 година, против Димшоски била покрената дисциплинска постапка за непрофесионализам и злоупотреба на полициската униформа, а колегите обвинија за злоупотреба и чинот го опишаа како илустрацијата на партизацијата на Министерството од страна на ДПМНЕ. Имајќи го во превид ова техничкиот Министер Наќе Чулев повторно ја става на тест довербата во МВР со назначувањето на Димшоски на позицијата заменик-командир во крушевската полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e