Во недела нов ТВ дуел. Кандидатите со изјави за тоа што очекуваат од дуелот

Во недела со почеток од 16.30 часот на ТВ Сител ќе се оддржи третата од четирите најавени ТВ дуели помеѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Во пресрет на ТВ дуелот, водителите од емисијата Детектор ги запраша кандидатите што е она што тие очекуваат од овој дуел. Еве што тие одговорија:

Гордана Силјановска Давкова

– Очекувам со ваша помош конечно да ги детектираме нашите програми, односно нашите визии за Македонија низ призма на претседателската функција.

Блерим Река

– Во емисијата Детектор на телевизија Сител очекувам фер и конструктивна дебата со моите противкандидати на која ќе го елаборирам мојот концепт за една република за сите, за република со владеење на законот а не на поединецот.

Стево Пендаровски

– Очекувам претседателската дебата во емисијата Детектор на Сител телевизија да помине во фер и демократска атмосфера како што и приличи на нас тројцата претседателски кандидати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e