Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата.

Во меѓувреме се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг, пишува Дојче веле.

Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле пренесени преку аеродром во Германија.

Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба.

Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.

„Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед“, вели Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.

Таа додава дека веќе се уништени лажните часовници.

Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.

Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца,пренесе Телеграф.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e