ВМРО-НП: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ настапуваат контра демократизацијата на Македонија

ВМРО-Народна партија реагира во однос на „непринципиелноста на коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ“ особено кога и двете партии настапуваат контра демократизацијата на Македонија.

„Не нѐ изненадува постапката на старо-новите партнери. Илјадниците амандмани на контото на предлог-законот за измени во Изборниот законик го покажува нивниот страв но и „демократскиот“ порив на политичките партии кои самите милуваат да се препознаваат како „демократски“, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-НП, како што велат оттаму, останува принципиелно на својот повеќегодишен став дека само една изборна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија односно ќе отвори широко поле за фер натпревар помеѓу сите партиско-политички чинители во државата.

Секое кочење на ваквиот процес, според партијата на Георгиевски, претставува грубо кршење на демократските принципи односно го ограничува изборот на нацијата, а со тоа се урнисува и принципот на фер избор со еднаков пристап кон сите партиско-политички чинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e