ВМРО-ДПМНЕ: Се сомневаме дека АНБ е под контрола на СДСМ

СДСМ ги загрози НАТО аспирациите преку непочитување на принципите за постапување со класифицирани инфромации и го крахираше безбедносниот систем на државата, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал како архива во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури. Пронајдените документи со имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите Монструм и Диво Насеље во домот на Јовче Ременски, отвораат сомнеж за неговите намери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат дали Јовче Ременски имал намера да уценува и да се заканува со документите, како и дали е вмешан и во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет.

„Агенцијата за Национална Безбедност е под целосен сомнеж дека е под контрола на СДСМ и соработниците на Заев, како што е Јовче Ременски. Од таму нема ниту отворена постапка за истрага на случајот, ниту суспендирање на Ременски. Сите од власта молчат за овој скандал. МВР и Оливер Спасовски очигледно е дека не можат да гарантираат за безбедноста на материјалите, а не пак да гарантираат за безбедноста на целата држава. Уште колку функционери ма СДСМ си имаат дома архиви од класифицирани материјали“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e