ВМРО-ДПМНЕ до последен момент ќе бира кој да седне на министерското столче во МВР

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до четврток, на еден ден пред изборот на преодната влада ќе го каже конечниот збор за технички министер за внатрешни работи, тврдат извори на Локално од белата палата.

Нивните размислувања доаѓаат по големиот пропуст кој опозициската партија го направи со предлогот на лидерот Хирстијан Мицкоски за технички министер, а кој поради тоа што се уште е униформирано лице, би било противуставно да раководи со МВР.

Од ВМРО-ДПМНЕ иако вербално не се откажуваат од предлогот Драган Ковачки да го замени Оливер Спасовски, кој пак во техничката влада ќе биде премиер, сепак внатрепартиски разгледуваат кој би можел да седне не министерското столче на 100 дена пред изборите.

И додека Мицкоски калкулира и го ублажува пропустот, аналитичарите коментираат дека можеби тој го избрал кадарот кој е спротивен на Уставот со цел да се одложат изборите.

„Упорни се за предвремени избори, но предлогот води кон прашањето дали сакаат да го блокираат изборниот процес. Прашањето дали е уставен предлогот е затворено и нема простор за дебата. При толкав кадар што го има ВМРО-ДПМНЕ, не треба да инсистира на тоа решение. Предлогот е спротивен на Уставот, човекот е полковник по чин, сакаат да направат преседан“, рече Зибери во изјава за Локално.

Целиот текст прочитајте го на Локално.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e