Владејчката ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидати за градоначалници за престојните локални избори, кои треба да се одржат догодина. Како што стои во повикот, тој се однесува на сите 84 општини, а кандитат за градоначалник може да биде секој граѓанин што ги исполнува условите за кандидирање пропишани со Устав и со закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политиките, идеологијата, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
„За поднесување кандидатура не се потребни потписи, туку доставување стандардизирана биографија со фотографија на не повеќе од 3 страници, детална програма за работа на општината на не повеќе од пет страници со конкретни проекти, мерки и идеи, за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардна апликација“, стои во повикот.
По поднесувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од партиското седиште, а разговорите со нив ќе ги води специјална комисија која ќе биде формирана за таа цел.
Според повикот, сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани во „зависност од личните квалитети и успеси во минатото, како и од визијата за иднината“. Во повикот стои дека ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и апликацијата на секој кандидат.
Извор Мета(линк)