ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата на Катица Јанева, вели Груевски

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи барањата што специјалната обвинителка Катица Јанева во четвртокот ги испорача до Собранието, а со кои се бара продолжување на работата на Специјалното обвинителство, продолжување на рокот за истраги, измена на законите за сведоци и за приватност, како и почитување на препораките од Венецијанската комисија. Ова вчера го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при посетата на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги поддржат барањата на Јанева.

Заради обемноста на материјалите и неможноста да работат скоро 3 месеци заради аболицијата на претседателот Иванов, специјалната обвинителка побара продолжување на мандатот од 18 месеци.

На прашањето дали ќе се појави на суд како сведок во случајот „Пуч“, Груевски рече дека ќе се појави доколку добие покана од судот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e