ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на заболени од Ковид удри врз граѓаните

Вчера заради неспособноста и негрижата на СДСМ до сега бројот на заболени од КОВИД се искачи на скоро 600 лица. 600 луѓе, тоа се 600 лица со име и презиме, луѓе со семејства кои се жртва на вирусот затоа што власта која требаше да донесе стратегија да го намали неговото ширење 6 месеци ништо не прави. – велат од ВМВРО-ДПМНЕ. 

Сите болници низ државата се преполни, а СДСМ, Заев и Филипче го преспаа цело лето и не оспособија нови болнички капацитети, иако знаеја дека доаѓа уште поголем есенски бран на заболени од КОВИД. – стои во соопштението. 

Есенскиот бран на заболени од Ковид удри врз граѓаните, а Заев и Филипче уште немаат набавени ниту вакцини против сезонски грип, иако тој чука на врата.

На ризик се најстарите и хроничните болни, тие немаат вакцина која им е насушно потребна.Заев и Филипче се однесуваат како да се изненадени од есенскиот бран на КОВИД.Заев и Филипче само бројат заболени и мртви, како статистичари. Со Заев и Филипче само тонеме. – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e