ВМРО-ДПМНЕ: Со дефокус на јавноста не може да се сокрие капитулацијата

„СДСМ и Зоран Заев се обидуваат да ја дефокусираат јавноста со лаги и манипулации само да ја сокријат неспособноста на владата да се справи со Ковид кризата.

Додека секојдневно бележиме трицифрена бројка на новозаразени, Филипче и Заев глумат нормалност и прават дефокус на вниманието, додека поради нивната несериозност Македонија е црна точка во Европа во справување со пандемијата.
Заев и Филипче на сите можни начини се обидуваат да го отргнат вниманието од сопствениот дебакл.

Ништо не може да го сокрие фактот дека вчера „Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос
на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата.

За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид-19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени.

Постои сомнеж дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаите пред неколку дена за градовите Штип и Велес каде што Филипче се обиде да сокрие 15 новозаболени.

Сево ова говори како Филипче и Заев не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствено за што се грижат се изборите и нивните фотелји.
Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција“ , стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e