Власта и опозицијата не се договорија за СЈО

По четири часа разговори, власта и опозицијата не најдоа заеднички јазик за судбината на СЈО.
За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вчеравечер Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерката Рената Дескоска рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, бидејќи според стратешките определби СЈО треба да продолжи како Обвинителство, а не како одделение.

-СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не одделение во друго обвинителство. Барањето за прекинување на постапките и нивно одново почнување ќе значи губење на многу докази. Ги презентиравме нашите аргументи за носењето на овој закон. До четврток предлозите треба да ни бидат доставени во амандманска форма, рече Дескоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e