Власта со исти финти: Љупчо Николовски од СДПМ, носител во ИЕ 3!

Се сеќавате на Рада Шекерова, Јанис Макрис, Игор Ивановски, Петре Петров, Марјанчо Наков и другите… Епа за жал вакви слични имиња со носителите на листи за пратеници од опозицијата, ќе има и на овие избори.

ИПортал дојде до листата на кандидати предложена од СДПМ на Бранко Јаневски, позната во јавноста како партија која иако нема никакви активности, за секои избори поднесува листи на кандидати со имиња и презимиња исти или слични на носителите на листите од опозицијата.

Намерата е јасна, тоа не треба да се анализира а и нарачателот се знае кој е.

Но, она што загрижува е до кога ќе се дозволува на ваков валкан и начин кој е својствен само за преваранти и слични на нив да некои микро партии и сателити кои постојат само на хартија се користат во обид да се збуни гласачкото тело?!

Погледнете ја листата која од СДПМ на Јаневски е поднесена во третата изборна единица доцна вечерва. Тие за носител имаат поставено лице со исто име и презиме со носителот на листата во истата изборна единица на опозицијата, односно со Љупчо Николовски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

e2

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e