Владата не го усвои Законот за јазици

До три часот наутро траеше дебатата за Законот за употребата на албанскиот јазик на седницата на Владата. Долгите часови дебата не успеале да донесат разврска. Законот не бил усвоен на синоќешната седница па ќе оди на доусогласување.

Во официјалното соопштение Владата вели дека “по првичната дискусија утврдено е дека е потребна понатамошна координација со цел да се постигне усогласување за начинот на имплементација на законското решение за употреба на јазиците односно да се доутврдат надлежностите кои би произлегле од законот во однос на двата органи кои ќе треба да се оформат: Агенцијата за примена на јазиците како и Инспекторатот за употреба на јазици”.

Извори во Владата вели за НОВА дебатата била исклучително пријателска но поради немало договор токму поради двете институции кои треба да ја надгледуваат примената на овој иден закон.

Алијансата на Албанците на Зијадин Села од владината коалиција бара законот да биде изгласан пред локалните избори во октомври а ДУИ инсистира законот да биде усогласен според сите меѓународни стандарди за да може да биде изгласан без проблем и да може без пречки да се применува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e