Владата ќе вработува социјални работници во повеќе центри низ државата

На владина седница, беше разгледана и усвоена и информацијата за потребата од вработување на дополнителен број социјални работници за повеќе Центри за социјална работа низ Република Македонија.

На седницата беше разгледан и утврден Предлог Законот за измени и дополнување на Законот за социјална заштита за кој беше констатирано дека предвидува значително унапредување на правата на лицата со попреченост, и беше заклучено дека Владата треба да го предложи овој предлог за измени и дополнувања на усвојување во Собранието на Република Македонија.

Исто така беше разгледан и утврден и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата со кој се предвидува продолжување на додатокот за деца со посебни потреби по службена должност.

На осумнаесеттата седница, Владата ја разгледа и усвои и информацијата за можноста за вршење на периодични здравствени прегледи од страна на здравствени работници од Министерството за здравство на корисниците во Дневните центри за деца и лица со пречки во развојот. На овој начин полесно ќе се утврди нивната здравствена состојба. За таа цел беше задолжено Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да иницира работна група со Министерството за здравство која ќе работи на реализација на оваа активност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e