Вистинска зима: Денеска студ, но и снег

Облачно и студено време ќе преовладува денеска во државата. Синоптичарите најавуваат врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во јужните и источните делови.

На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната од 0 до 4 степени.

Во Скопје, ќе биде облачно и студено со врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e