Високиот претставник на ЕУ, Могерини денеска доаѓа во Скопје

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, денеска попладне во рамките на својата балканска турнеја, пристигнува во Скопје.

Високата европска претставничка во Скопје ќе престојува неколку часа и ќе има средба со претседателот Ѓорѓе Иванов и со партиските лидери.

Овие средби ќе се одржат во собраниската зграда, но Могерини нема да има прилика да се обрати пред пратениците како што побара претходно, бидејќи македонскиот парламент практично не функционира по првата конститутивна седница.

Европската Унија е загрижена за состојбите на Западниот Балкан и на 6 март ќе му посвети посебен самит на кој ќе се расправа по извештајот што ќе го поднесе Могерини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e