(ВИДЕО)СДСМ: Близок соработник на Мицкоски фатен со кокаин, многу бело има околу ДПМНЕ

Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност, рече денес на прес конференција пратеникот и портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ. Што крие?

И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин.

Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.

Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков.

Еве и дел од нивните заеднички фотографии. Нека види јавноста кои се блиските луѓе на Мицкоски.

Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор.

Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!, порачаа од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e