(Видео) Заев во Ватикан: Еднаквост и единство е и нашиот пат и доаѓа тоа време!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој беше во Ватикан по повод церемонијата за канонизација на Мајка Тереза, објави видео:

“Драго ни е што нашата сограѓанка, граѓанин на Р.Македонија, веќе е светица. Мајка Тереза – симбол на милосрдието, хуманоста, солидарноста претставува пример како треба да им се помага на луѓето без разлика на нивните различности, без разлика на какви било поделби, етнички и религиски, национални или слично”.

“Помагањето `не прави пред Бога почесни, подобри, а секако и на сите нас во душата ни е потопло. Верувам дека овој симбол на хуманоста, на солидарноста, на милосрдието којшто е предзнак на светицата Мајка Тереза, ќе `не следи сите нас, исправени пред многу важни моменти во Р.Македонија”- рече Заев.

“Испраќаме порака на обединување, на меѓусебно помагање, помагање на сите заедно без разлика кој на која вера припаѓа, на која етничка припадност или без разлика дали е сиромашен, богат…”

“Прекрасен ден за Р.Македонија, верувам дека духот и делото на мајка Тереза ќе го следиме сите”- заврши Заев во обраќањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e