(ВИДЕО) За 10 дена тројца починати во Идризово – Институтот за судска медицина без извештај

Овој човек му донесе храна и ќебе на својот роднина во Казнено-поправниот дом „Идризово“. Тој вели дека е принуден да донесе нешто за затвореникот, затоа што во затворот условите се многу лоши. Само за десет дена таму починаа тројца затвореници, а причината за нивната смрт се уште не е докрај утврдена. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцијата спроведена во Институтот за судска медицина, за да продолжи со истрагата за трите случаи. Директорот, Александар Станков, изјави дека е извршена обдукција на телата, но додаде дека се уште се прават токсиколошки и хистопатолошки анализи, кои треба подетално да укажат на причината за нивната смрт.

Тројцата затвореници се погребани. А министерството за правда бара целосна истрага за околностите кои довеле до нивна смрт.  Министерот Валдет Џафери во писмен допис до ТВ 21, потврди дека настојува детално да се истражат сите три случаи:

Семејството на затвореникот МС, на возраст од 46 години, кој почина во саботата , вчера рекоа дека тој претходно не бил болен. За еден од затворениците кој почина пред десетина дена лекарите потврдија дека постоела претходна дијагноза. Но дали во затворот добивал соодветна медицинска помош никој не сака да зборува. Управата за извршување на санкции веќе десет дена не одговара на прашањата од кои причини умираат затвореници. Директорката Лидија Гаврилова не ни дозволи ниту да снимаме внатре во затворите, ниту пак да поразговараме со службениците во затворот – Идризово. Во последниот извештај на Советот на Европа се вели дека затворите во Македонија се пренатрупани, и дека по овој критериум земјава е на трето место во Европа, односно дека за 100 места во затворите во Македонија има 123 затвореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e