(ВИДЕО) Влатко Ѓорчев кажа дека сака да се кандидира за претседател, па избега од новинарските прашања

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, ќе се кандидира за Претседател на државата. Тој смета дека го има потребното искуство и мотив за да биде првиот човек на државата, затоа, во следните 3 месеци ќе ја побара довербата на граѓаните. Веќе ја доставил својата кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ, која конечниот кандидат ќе го избира на конвенција која ќе се одржи кон средината на следниот месец.

Ѓорчев исто така рече дека не се грижи за тоа кој ќе биде неговиот против кандидат од СДСМ. Ги повика сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, да го поддржат. Но, откако зборуваше 12 минути, во стилот на Иванов, не прифати да одговори на ниту едно новинарско прашање. Избега од Прес центарот на Собранието, пренесе ТВ21.

Ѓорчев е првиот кој јавно кажа дека ќе се кандидира за Претседател. Партијата на власт, СДСМ и коалициските партнери, се уште не излегоа со конкретно име. Од партијата на Заев, велат дека се прават анализи за мерење на рејтингот на неколку фигури од партијата.

Како што изјави вчера Заев, се прави мерење на рејтингот на над десет лица. Неофицијално, имињата на СДСМ за можни кандидати за Претседател на државата, се министрите Оливер Спасовски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, како и Стево Пендаровски и Мухамед Зекири. Меѓутоа ниту едно име се уште не е потврдено. Премиерот Заев, вчера изјави дека тој е надвор од трката. Процедурите за номинација во СДСМ се очекува да започнат в петок на состанокот на Централниот Одбор на партијата. Откако ќе заврши дискусијата во СДСМ и со коалициските партнери, Премиерот додаде дека доколку има сериозни одлуки за кандидат, преговори може да започне и со опозициските партии за консензуален Претседател. Се очекува Беса и Алијанса за Албанците да излезат со заеднички кандидат, но се уште нема некаков договор меѓу нив. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, до 31 јануари чека поднесување на кандидатури за Претседател на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e