(ВИДЕО) Сведоштво на Николовски: Немавме надеж дека ќе излеземе живи од Собранието

“Насилниците пред нашите очи се договараа како да не ликвидираат и изнесат во сандуци. Тие три часа се вечност. ” – сведочи пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски во дебатната емисија 200 на Алсат-М телевизија.

Тој исто така потенцираше дека никој нема право да го изусти зборот “Амнестија”.

-Со овој тим на СДСМ предводен од Зоран Заев нема договарање. Амнестија за криминалот во изминативе 10 години како и за случувањата од 27.04 не смее и нема да има. Мора целосна одговорност до крај, од нарачателите, организаторите до сите луѓе кои беа дел од ова сценарио за ликвидација на лидери на партии, на пратеници, затоа што во таа сала од неколку квадратни метри, во тие моменти никој не помислуваше и немавме надеж дека ќе излеземе живи од таму. Но знаевме дека тоа што го правиме е за враќање на правдата, слободата, демократијата и за идните генерации кои доаѓаат, рече Николовски.

На видеото подолу погледнете ја целата емисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e