(ВИДЕО) Суспендиран припадникот на обезбедувањето на Собранието кој не го послуша Џафери

Припадникот на собраниското обезбедување кој вчера не одговори на барањето на спикерот Талат Џафери е суспендиран, дознава ТВ21 од свои извори во Министерството за внатрешни работи.

Џафери повика обезбедување за да го отстрани од говорницата пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој излезе на говорницата во обид репликата да ја преиначи во процедурално барање. Откако одби да замине на барање на спикерот, Џафери му го исклучи микрофонот.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ реагираше дека однесувањето на Талат Џафери е недемократско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e