(ВИДЕО) Шекеринска: 90% од времето на лидерските средби беше потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија

Одговорно тврдам и барам јавно да ме демантираат дека 90 проценти од времето на лидерските средби беше потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за телевизијата Канал 5.

Појасни дека барањето не било преку чин на амнестија, туку преку измена на членот 353 од Кривичниот законик, кој ја дефинира злоупотребата на службена должност, а потоа и еден мал обид тоа да се направи и преку измена во Законот за финансирање на политичките партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e