(ВИДЕО) Шахпаска: Од одлуката на секој од нас зависи каква иднина ќе избереме

Од одлуката на секој од нас, зависи во каква земја ќе избереме да живееме и каква иднина ќе избереме за нас, нашите блиски, нашите деца, истакна Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3.

„Дали ќе избереме да продолжат да растат платите или да се полнат џебовите на луѓето на Груевски?

Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија?
Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

Затоа, е важно да се гласа. Затоа што се носат големи одлуки!

Ве уверуваме – гласањето ќе биде безбедно. Со почитувањето на сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, гласањето на 15 јули ќе биде безбедно!

Знаеме дека можевме и подобро. Знаеме дека направивме и грешки.

Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме.

Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.

Останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно.

Се докажа и покажа дека со Зоран Заев и СДСМ, одиме напред во сигурна иднина, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност.

Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски.

Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите.

А единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Заев.

Отсекогаш работевме и продолжуваме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, на државата. Оние партии кои гледаат само партиски интереси, време е да одат во опозиција и да се реформираат.

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка на коалицијата „Можеме“, која носи сигурност,стабилност,подобра иднина и обезбедува заштита на здравјето на граѓаните.

На 15 јули излезете и заокружете го бројот 3, за коалицијата „МОЖЕМЕ“, за сигурност, затоа што секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е опасност, глас за враќање на режимот!“, потенцираше Шахпаска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e