(ВИДЕО) Раскол во ВМРО-ДПМНЕ: Славески контра Марковски

Епидемиологот Вело Марковски кој од неодамна е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за финансии од истата партија, Трајко Славески денеска гостуваа во две различни емисии на ТВ 24.

Марковски истакна дека Ковид -19 не е опасна болест.

Со сосема поинаков, контра став за истата телевизија, Славески посочи дека станува збор за здравствена катастрофа и дека под итно се потребни рестриктивни мерки.

Вело Марковски дури вели дека не станува збор за карантинска болест, а Славески вели дека чиста глупост се мислењата дека болеста не постои или пак дека не е фатална за некои граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e