(ВИДЕО) Рашковски: Фирма на братот на пратеникот Мукоски склучила договор за варосување на Арената од 10 евра по квадрат

Случајно, или намерно, фирмата „Атриум“ одлучајно, или намерно, фирмата „Атриум“ од Вевчани, во сопственост на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје. Ова е само една од тезите кои денеска ги соопшти генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на прес-конференција пред новивнарите, пренесе Макфакс.

Ова, како што посочи, се информации кои ги добил тој како генерален секретар на Владата, и рече дека се неофицијални, па ги упати медиумите понатаму да истражат. Тој рече дека има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.

Рашковски посочи дека Владата мора да ги заврши бараните реконструкции на Арнеата до 21 јули, бидејќи два дена подоцона, на 23 јули ќе има финална контрола од УЕФА дали Супер Купот ќе се одржи во Скопје. Генералниот секретар на Владата посочи дека УЕФА на ФФМ му пратил допис со одредени забелешки кој од ФФМ до Владата патувал седум дена. „Што правел ФФМ 7 дена?“, праша Рашковски, потенцирајќи дека писмото од Фдерацијата до Владата патувало една недела. Тој рече дека засега нема технички услови за одржување на Суперкупот на Градскиот стадион.

Најголемиот проблем се неинсталираната климатизација, немањето простор за камиони и репортажни возила, планот за евентуална евакуација… „Правиме напори за соодветно електрично напојување во случај на дефект“, рече Рашковски. Тој нагласи дека Владата ќе ги забрза работите за одржување на Супер Купот во Скопје. „Ако не се одржи во Скопје, загубата ќе биде на цела Македонија“, рече тој.

Рашковски рече дека Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор треба да направи алокација на средства од 2 милиони денари за да се исполнат УЕФА стандардите.

Генералниот секретар на Владата рече дека станува збор за тематска прес-конференција и за сите прашања надвор од темата, новинарите беа упатени дополнително да побараат одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e