(ВИДЕО) Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, а од објектот излезе претседател на политичка партија

Раководителот на Инспекциски надзор-одделение Скопје, Мери Проја Продановска, вечерва одржа вонредна прес-конференција на Боемска улица во Скопје.

Продановска кажа дека инспекторите од Државен пазарен инспекторат околу 18:30 часот биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во угостителски објект, на оваа улица, со образложение дека угостителскиот објект е од затворен тип и нема гости внатре.

Таа вели дека 2 и пол часа не можеле да влезат да направат надзор, а пред да им дозволат да влезат, од угостителскиот објект излегол претседател на политичка партија.

Продановска не откри за кој претседател се работи,но според информации од А1он станува збор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Продановска нагласи дека против угостителскиот објект, односно економскиот оператор ќе биде поднесена кривична пријава по членовите 205 и 206 бидејќи се обавувала дејност во објектот и за спречување на инспекциски надзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e