(ВИДЕО) Пендаровски сподели видео во кое сопругата раскажува за приватните моменти

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на својот ФБ профил сподели видео од обраќањето кое неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска го имаше на конвенцијата во Универзална во 2014-та година.

„Мој животен партнер и најголема поддршка. Повторно заедно, одиме на победа.“ – напиша денес Пендаровски над видеото.

Сопругата на претседателскиот кандидат тогаш говореше за приватните моменти со Пендаровски, за семејството и нивната заедничка визија за Македонија.

„Стево го запознав кратко пред да ми се случи најстрашниот момент во мојот живот, загуба на мојата помала сестра. Тогаш неговата поддршка и часови и часови поминати во разговор ми помогнаа да живеам со тој факт, со неповратната загуба како дел од животот.
Но, ми се чини маката тогаш направи да видиме многу побрзо една важна работа, а тоа е дека треба да продолжиме заедно. Особено затоа што и обајцата потекнуваме од скромни семсјства, каде добрината, човечноста и трудољубивоста се поважни од се.“ – рече таа во тогашното видео обраќање.
„Јас најдобро знам дека сакам и Огнен кога ќе порасне да остане покрај нас. Дека заслужува иднина во Македонија. Среќна сум, горда што ја имам привилегијата да живеам со овој исклучителен човек кој беше тука во најтешките моменти за Македонија. Македонија го заслужува Стево.“ – заклучи сопругата на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e