(ВИДЕО) Обезбедувањето на Чавков дел од насилната толпа во Собранието

Високи функционери од безбедносните структури биле дел од насилната толпа во Собранието. На снимките што ги поседува Алсат М, се открива и идентитетот на Ване Ефтимов, оперативен шеф на обезбедувањето на директорот на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Тој се појавува на на главниот влез среде толпата која го окупираше Собранието. И додека Чавков тврди дека немал информации за можни инциденти и дека во оперативниот штаб дошол со 2 часа задоцнување, околу 20:08, останува нејасно објаснувањето кога неговиот најблизок соработник, сето тоа време бил меѓу демонстрантите и нивните организатори.

Екс министерот за внатрешни, Павле Трајанов, вели дека Чавков требал да биде меѓу првите полициски службени лица информиран не само за тоа што се случува туку и да предвиди и спречи насилно влегување во Собранието.

Трајанов додава дека Чавков не само што не интервенирал, туку припадници на полициските служби директно биле инволвирани во насилните акти.
Чавков во два јавни настапи вели дека за упадот на демонстрантите во Собранието бил информиран по двочасовно задоцнување. Тој дури го обвини министерот Нухиу дека имал информации за настаните но не ги споделил со оперативниот штаб. На снимките се идентификувани и други јавни личности како Ненад Талевски и Андреј Илиев, професори на Воената академија. Иако водачот на “За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски за Алсат М негираше дека давал насоки на разбеснетата толпа, на социјалните мрежи кружи слика на која се гледа како тој комуницира со Специјалците. Голем број од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им аплаудираа на насилниците и пееја во Собранието, а Владанка Авировиќ и Илија Димовски се снимени како се поздравуваат со демонстрантите исто како и министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e