(ВИДЕО) Новинарите од МПМ ќе тужат – „Бркаат од работа, а директорката зема плата 25.000 евра“

УЈП да изврши увид во сите сметки на МПМ, Финансиска полиција  да ги провери сите финасиски трансакции поради сомневање дека се испумпувани пари, а трудова инспекција да утврди каде сме вработени, бидејќи немаме работни места, бараат новинарите од Утрински весник, Вест и Теа модерна, прогласени за технолошки вишок пред десетина дена. Тие се изнендани дека додека нив им беаа кратени плати, а дел беа и отпуштени од работа, нивната директорка Јана Станисављевиќ добивала месечна плата од 25 илјади евра:

„Нашата намера е по јавно допрен глас да му се обратиме до јавниот обвинител Марко Зврлевски, на Скопската обвинителка – Гордана Гешковска и јавниот обвинител Златко Биковски. Од нив бараме да се отвори пред истражна  постапка бидејќи е симптоматична исплатата на плата од 25.000 евра во време кога 120 колеги остануваат на улица. На државниот обвинител е да утврди дали преку МПМ се испумпувани огромни суми на пари“, изјави Љубиша Станковиќ, „Утрински Весник“.

Иако пративме прашања до повиканите институции, одговор добивме единствено од Управата за јавни приходи. Од таму изјавија дека УЈП знае за барањата на новинарите и дека ќе постапат согласно надлежностите.

„Како и во сите случаи на пријави или претставки, УЈП ќе постапи согласно своите надлежности или во крајна линија ќе бидат информирани надлежни органи за постапување“, соопшти УЈП.

Новинарските здруженија се едногласни дека праксата на свесно уништување на медиумите мора да запре.

„Ние веќе сме во постапка за кривична пријава за склучување штетни договори за злоупотреба на позицијата и службената должност која свесно ја однесе фирмата во финансиски проблеми, ги намали платите на новинарите и на крај дојде до затворање на печатените изданија на весниците, а луѓето останаа без работа“, изјави Тамара Чаусидис ССНМ.

120-те новинари од „Утрински весник“, „Вест“ и „Теа модерна“ велат дека се прогласени за технолошки вишок и треба да земат плата и за мај и јуни:.

„Ние бараме одговори што ќе биде со нас. Баравме да ни дадат документ дека фирмата нема простории, нема дејност, нема имот, да ни дадат документ со кој ќе ни објаснат дали да одиме или да не одиме на работа. Денеска ни беше најавено дека во Агенција за вработување ќе бидеме пријавени како технолошки вишок и тоа значи дека ние имаме 2 месеци отказен рок. Значи ние 2 месеци ќе бидеме вработени во МПМ, и со тоа ќе треба да ни платат плата и за мај и јуни додека не не’ преземе бирото за вработување а ќе треба да ни дадат и отпремнина, но најавите од компанијата е да бидеме среќни ако добиеме и мартовска плата“, изјави  Ана Антевска, ВЕСТ.

Според новинарските здруженија медиумскиот систем во Македонија е корумпиран, а медиумите се злоупотребуваат од политичките партии. Ова се наведува и во повеќе извештаи од меѓународни организации кои го следат степенот ан демократија на медиумите во светот.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e