(ВИДЕО) Николовски: Сончева електрична централа и ветерен парк, две нови стратешки инвестиции во енергетиката

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев донесе одлука за реализација на две нови стратешки инвестиции во енергетиката, изјави на денешната прес-конференција Дарио Николовски, член на Централен одбор на СДСМ

„На последната седница Владата како стратешки проекти ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот сектор ќе добие дополнителни два нови извори на обновлива енергија.

Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема во насока на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија.

За потсетување, пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната централа „Александропули“ во Грција која треба да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со природен гас“, истакна Николовски.
„Истовремено, во фаза на подготовка или во фаза на реализација се неколку фотонапонски електрани како и ветерни паркови, распоредени во неколку општини ширум државата.

Од земја зависна од скап увоз на енергија, денеска сме земја шампион во енергетски реформи, држава која го трансформира и модернизира својот енергетски систем.

Сето ова почитувани е потврда за посветеноста на Владата на инвестициите во зелени, еколошки и обновливи извори на енергија со цел да обезбеди поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите.

Како одговорна партија продолжуваме да спроведуваме реални, одговорни, државнички политики во делот на енергетиката“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e