(ВИДЕО) Николовски од Кр.Паланка: Минималната плата се чуваше на мизерни 9.000 денари за да одат парите на Белизе и кај бегалецот од Будимпешта!

Носителот на кандидатската листа на коалицијата “Можеме” во ИЕ 3, Љупчо Николовски во синоќешното обраќање пред своите сограѓани потенцираше дека во ВМРО-ДПМНЕ не е ништо сменето и затоа, како што вели, ја тераат кампањата на оцрнување, поделба и омраза.

“Ако им мислиш добро на Македонците и македонскиот народ, зар ќе гласаш ПРОТИВ зголемување на минималната плата, повратот на ДДВ, зелената нафта, укинувањето на радиодифузната такса?

Минималната плата се чуваше на мизерни 9.000 денари за да одат парите на Белизе и кај бегалецот од Будимпешта!

На овие избори одлуката ви е лесна драги пријатели. Но, победата на нашата коалиција ќе донесе реформи и кај нив, што пак ќе донесе подобра иднина за државата.

Тогаш граѓаните ќе бираат помеѓу понуди и економски концепти. Конкретни насоки во кои се гледа иднината. Ќе бираат меѓу квалитетни и домаќини луѓе кои и мислат добро на државата.

За жал, таму ништо не е променето… И затоа целата кампања ја тераат кон оцрнување, поделба, омраза.

Наместо тоа треба да имаме народен консензус, да се радуваме на НАТО и ЕУ, да се договориме да ја носиме државата напред, без разлика кој е во владата. Така се оди напред.” – потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e