(ВИДЕО) Николов: Штип продолжува да биде отворена општина што работи во интерес на граѓаните

Дозволете ми пред се да се заблагодарам на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска што денеска е тука со нас во Штип, и што има можност отворено да разговара со нашите сограѓани, истакна д-р Сашко Николов, кандидатот за градоначалник на општина Штип.

„Само зааедно вклучени во процесите ќе постигнеме добри резултати, како што е и програмата со која од Вас штипјани и штипјанки ја барам довербата.

Програмата “Во сигурни раце” нуди решенија за проблемите на граѓаните, за развој на градот, за еколошки чист град за што треба да придонесеме сите заедно.

Борбата против загадувањето останува наш приоритет и за таа цел ќе се воведе нов режим на собирање на смет за што во функција ќе се стават пет нови специјални возила за собирање смет.

Ќе се направи и селекција на отпадот, односно одвојување на пластика и стакло за што ќе се обезбедат контејнери на 30 нови локации во градот“, посочи Николов.
„Штип заслужува да биде во сигурни раце со одговорна општина која ќе направи се за да придонесе за чист воздух.

Покрај постоечките, ќе се постават дополнителни мерни станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздух.

Ќе се формира нова паркова површина во населба Сењак 3, ќе се изврши хортикултурно уредување на кеј на река Отиња на делница од градска црква до мост Ново село како и на паркови површини во с. Чардаклија и с.Караорман.

Изработка на проектна документација за мапирање и изведба на висински рекреативни патеки за пешаци и велосипедисти, како и за рекреативна пешачка патека за поврзување на населба Караорман и населба Баби.

Се обврзувам во мојот мандат, Штип да продолжи да биде отворена, услужна општина, општина на еднакви граѓани, општина со родова рамноправност.

Штип заслужува и Штип може! И знам дека со вашата доверба и натаму ќе остане во сигурни раце!“, нагласи Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e